Реџеп Таип Ердоган е роден на 26 февруари 1954 во Истанбул — турски политичар кој е претседател на Турција од 2014 година. Ердоган бил премиер на Турција од 2003 до стапувањето на претседателската функција во 2014 година и градоначалник на Истанбул од 1994 до 1998 година. Тој е основач на Партијата на правдата и развојот (АКП) која ја водел од 2001 до 2014 година. Во 2017 година одново го презел раководството на партијата откако во Турција се одржал референдум за одобрување на 18 уставни амандмани. Ердоган има политичка позадина наклонета кон исламизмот, и е самопрогласен конзервативен демократ. За време на неговото владеење промовира социјално-конзервативни и популистички политики.
Претседателот на Турција, денеска изјави дека грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис повеќе не постои за него по забелешките и критиките на последниот кон Турција за време на неговата неодамнешна посета на САД.
Во телевизиско обраќање по состанокот на владата, Ердоган рече дека Мицотакис зборувал против Турција и побарал од Конгресот на САД да не дозволи борбени авиони Ф-16 да и се продаваат на Турција.
И покрај тоа, минатата недела тој ги посети САД и зборуваше во Конгресот и ги предупреди да не ни даваат Ф-16, истакна тој.
– Тој веќе постои за мене. Никогаш нема да се согласам да се сретнам со него. Ќе продолжиме напред со чесни политичари. Ердоган, додаде дека состаноkот на Стратешкиот совет планиран да се одржи наскоро со Грција повеќе нема да се одржува.
Администрацијата на Џо Бајден бара од Kонгресот да ја одобри продажбата.
За време на неговата посета на Вашингтон минатата недела, Мицотакис предупреди на заедничката седница на Конгресот против поддршката на предложената воена продажба на Бајден на Турција, тврдејќи дека таквиот потег може да создаде дополнителна нестабилност во регионот.