Никола Петровиќ, Србин од Ниш, при посеттата на Македонија му се дупнало гума на неговото возило во близина на Тетово. После оваа непријатна случка Никола бил пријатно изненаден од гостопримливите Албанци кои застанале да му помогнат.
Во целост ви ја прераскажуваме неговата приказна:
Некој шраф ми ја скина гумата до Тетово, а во недела не работат вулканизерите на патот. Додека ја извадив резервната гума, 10 луѓе (од кои 9 Албанци) застанаа да ме прашаат дали ми треба помош. Замислете дури еден му се јави на својот познаник (пријател), вулканизер кој живее и работи во блиското село, кој седна во колата, ми го симна и ми го зема тркалото, го врати и го монтираше по 15 минути.
Побара 10 евра за услугата ако имам и ме викна на кафе. Сакам да верувам дека некој со ТЕТОВСКИ таблички што се нашол во неволја некаде во близина на Ниш ќе се однесувал како јас денес, пишува Петровиќ.
