Умре времето кога ни велеа „Ако не сакаш ти да работиш, молат други за работа“

Advertisements
adsense

Недостатокот на работна сила не претставува проблем само во Македонија со недостик на работна сила мака мачат и Хрватите.

Како во македонскиот туризам така и во хрватскиот туризам долго време важеше правилото, ако ти не сакаш да работиш, има кој сака… Но сега веќе никој не сака. Пресушила и сезонската работна сила од Србија и Босна и Херцеговина.

Непосредно пред да започне туристичката сезона во Хрватска повторно се гласни поплаките. Се проценува дека и ова лето ќе недостигаат околу 35,000 келнери, готвачи, собари, рецепционери… Овие вести доаѓаат со одредено изненадување, иако изненадувања не смее да има – ова е хроничен хрватски проблем, пишува DW.

Енигма нема: Хрватите во најплодните години од работниот век масовно заминуваат на Запад каде работат за поголеми плати. Нема повеќе сиромашна работна сила во Славонија за да се пресели на Јадран, но нема ни доволно ни во БиХ, Србија, Македонија.

Исцрпен е кадровскиот басен во непосредното соседство, па се повеќе се посегнува за дополнување од Азија, како претходно во градежниот сектор: Непал, Филипини, Индија…

Секогаш истото чудење
„Со години залудно предупредував на тој проблем во туризмот. Пристапот ни е стихиски, а чудењето секој пат е исто, а и проблемот е ист. Чудни се за работите за кои толку се чудиме“, вели за ДВ Дамир Крешиќ, директор на Инситутот за туризам во Загреб.

Крешиќ можно решение гледа во посериозното дејстување од страна на државата, работодавачите и синдикатите – да се изработи нова стратегија за целата економија, па да се види колку работници од која струка и недостигаат на земјата.

Бидејќи, вели, увозот на сезонски работници од Азија има недостатоци.
„Се покажува дека не се добро решение за нашите угостители, но сега веќе немаме избор, барем не за оваа и следната сезона“, раскажува Крешиќ.

Тој вели дека нема ништо против луѓето од други континенти.

Advertisements
adsense

„Тие можат да бидат поработливи и почесни работници од нас самите, нема тука правила. Проблемот е услужната индустрија во која хрватскиот работник овде секогаш нуди автентично искуство на домаќинството“, вели Крешиќ.

Иднината не се гради на увоз
Притоа, Хрватска можела својата иднина да ја види во најблиското соседство. Имено, Владимир Благојевиќ, портпарол на Стопанската комора на Република Српска, изјавил дека нема гранка во која, во овој момент, не недостига работна сила.

Многу од работнците биле привлечени од хрватскиот туристички пазар. Така од Требиња, град со околу 30,000 жители, на лето и по две илјади луѓе заминуваат на работа во блискиот град Дуброввник.

Тој проблем на соседот не се видел од Хрватска, се додека хрватскиот пазар на труд не стагнирал поради истата неволја.

„Иднината сепак не се гради на база на увоз на работна сила, а без домашни работници нема ни одржлив развој“, смета Горан Рихељ, уредник на туристичкиот портал hrTurizam.hr.

„Со години се предупредувало за ниските плати во туризмот, како и многу лошите работни услови. Но владеела мантрата – ако не сакаш ти, има кој сака. Сега тоа се врати како бумеранг. Се отворија границите и балонот пукна, и сега сите се чудат“, додал тој за ДВ.

Рихељ вели деа Хрватска не пристапила стратешки на овој длабок проблем.

„Како постојаниот сезонец може да ја планира иднината, семејството, купувањето на стан, автомобил? Како некој може да работи седум дена неделно, без слободен ден, а зборуваме за туризмот каде услугата е императив?

Според овој новинар, и нивото на услуга паѓа кога работниците не се обучени и немаат искуство, по што Рихељ се прашува: „Како да се оправда цената на сместувањето со лошата услуга и изведба?“

Advertisements
adsense

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.