Јоаким Крчоски стана светец-Голем настан во Осоговскиот манастир.

Advertisements
adsense

Јоаkим Крчоски стана светец. Синодот на МПЦ-ОА го kанонизираше во манастирот Јоаkим Осоговски, а службата ја видеше поглаварот г.г. Стефан. Неговото творештво и продветителска работа во 19-от век му обезбедија место меѓу светците родени во Македонија.

-Синодот на МПЦ-ОА одврн за Крчоски, одлучи да го канонизира и Кирил Пејчиновиќ во Лешочкиот манастир. Во изминатите години МПЦ-ОА за светци прогласи повеќе дејци родените на просторите на Македонија.

Раздвижувањето во спорот со СПЦ, но и новите светци се радосни вести и за верниците, но и до македонската црква.

Advertisements
adsense

Во манастирот Јоаким Осоговски имаше голем број верници од цела Македонија кои дојдоа да ја проследат канонизацијата.

Меѓу нив имаше и мала група Бугари кои дојдоа од Софија за да го прослават новиот светец. Николај Крстев вели дека решавањето на спорот до СПЦ бил најголем мотив за да дојдат во Крива Паланка, а Крчоски ќе се слави секаде во Православието.

Во текот на својот живот Крчоски објавил пет книги, а одиграл голема улога во просветувањето на луѓето во кривопаланечко. Иако нема точен податок за тоа каде е роден, се верува дека е од Кичево, но сепак најголемиот дел го поминал во Крива Паланка.

Advertisements
adsense

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.