Лазаревска: СДСМ води вистинска грижа за македонскиот јазик.

Advertisements
adsense

Владеачката СДСМ го честиташе 24 Мај – Денот на сесловенските просветители Светите браќа Кирил и Методиј.

-Денес можеме сите ние да бидеме горди што денеска македонскиот јазик и идентитет, македонската посебност се потврдени и трајно заштитени, соопшти Жаклина Лазаревска, пратеничка на СДСМ.

Таа повтори дека Владата предводена од СДСМ, пред две години, 5 мај го прогласи за Ден на македонскиот јазик, во чест на 5 мај 1945 година кога е усвоена азбуката на македонскиот јазик како официјално писмо.

Advertisements
adsense

-Токму на 5 мај беше промовиран и дигитален толковен речник на македонски јазик со над 100.000 зборови. Јазичното богатство во толковниот речник на македонскиот јазик е уште едно сведоштво за различноста и посебноста на македонскиот јазик во словенскиот свет и за неговата автентичност во светската листа јазици.

Донесен е и нов Закон за употреба на македонскиот јазик, кој опфаќа негова заштита, унапредување и збогатување. За првпат токму Владата предводена од СДСМ воведе стипендии за студентите кои ќе се запишат на Катедрата за македонистика. Како одговорна партија продолжуваме со вистинска грижа за македонскиот јазик, истакна Лазаревска

Advertisements
adsense

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.