Над олтарот два гулаби седеа еден до друг за време на литургијата, во која сослужувавме со нашите браќа Срби.

Advertisements
adsense

За време на литургијата, во која сослужувавме со нашите браќа Срби, и со која беше потврдено дека после децении излеговме од состојбата на раскол, два гулаби еден крај друг над олтарот стоеја. И напати во прегратка биваа – синоним на прегратката што македонците со браќата Срби си ја подадоа, и со која бидна потврден автокефалниот статус на Македонската Православна Црква ОА.
На многаја лета!

ФОТО КЛИМЕНТ АРНАУДОВ

Бог ни даде ден во кој дочекавме да ја слушнеме одамна посакуваната и очекувана вест, рече поглаварот на МПЦ-ОА Архиепиското Охридски и Макеоднски Стефан во беседата по заедничката литургија со поглаварот на СПЦ Порфириј кој потоа соопшти дека ја прифаќа и признава автокефалноста на Македонската православна црква – Охридска архиепископија.

Advertisements
adsense

„55 години седевме и чекавме во тремот и не наоѓајќи некој да се погрижи некој за нас. Потоа ни пристапи друг човек, нашиот собрат денешниот сослужител неговата светост српскиот патријарх Порфириј и еве сега имаме и кој да ни нацрпи вода од кладенецот на Јаков и сите ќе видат колку е нашата нива плодна и дека посеаното стигна за жетва. Сега целосно ги гледаме сите убавини на рајот затоа што имаме со кого да ги споделиме и не тагуваме веќе како Адама туку се радуваме како апостолите на денот на педесетицата опиени од слаткиот пијалак на заедницата и братската љубов. Зашто само вака подготвени можеме со радост да го чекаме и денот на духот свети оти љубовта кога се споделува таа се премножува“,

рече г.г. Стефан, по што присутните во соборниот храм „Свети Климент Охридски“ следуваше громогласен аплауз.

Advertisements
adsense

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.