СИСТЕМАТСКО УНИШТУВАЊЕ НА КЛУЧНИ ИНСТИТУЦИИ ПОД РАКОВОДСТВО НА ДУИ И СДС ВО ТЕТОВО И ГОСТИВАР
Началник на инспекторијатот на УЈП во Тетово е Артан Ејупи, пазарната инспекција во Тетово ја раководи Лилберт Мемети, трудовата инспекција во Тетово ја предводи Џелал Џелили, просветниот инспекторијат во Тетово доделен на Илбер Зенку, управниот инспекторијат за западна Македонија го шерифува Шефит Весели.
Како е можно сите овие клучни институции да се раководат од кадри на ДУИ, а ниту еден македонец!
Кога сме кај инспекторијатите, прашање до ДУИ и СДС:
Дали е точно дека во трудов инпекторијат раководителот на 30 Мај 2022 заминува во пензија, и на негово место се спрема жената на заменик министерот за правда Агим Нухиу, г-ѓа Мириѓил Нухиу?
Од друга страна, претседател на основниот суд во Тетово е Хасан Асани, претседател на основен суд во Гостивар е Елјеса Алији, како шеф на основното јавно обвинителство во Тетово е поставен Бесир Алиу а неговиот соиграч Башким Хисени го шефува основното јавно обвинителство во Гостивар. Играта на овие две обвинителства ја помага шефот на вишето обвинителство во Гостивар, Ислам Абази, пред кого одговараат овие две обвинителства раководени од ДУИ.
Доколку СДС нема стручни лица во дотичните институции, има други чесни и професионални кадри од македонска националност кои заслужуваат да бидат на некој од овие битни раководни места.
Што е најстрашно, ниедна од овие институции не функционира за ништо освен како партиска испостава на ДУИ и сите области кои се контролирани од овие институции се во хаос и не си ја вршат работата за која се наменети.
ВМРО им ги даде, СДС никако да ги врати!
Неспособни!
Напиша Левица на социјалните мрежи.