„Утре“ ќе нема кој кафе да не послужи: Македонија се соочува со сериозен недостиг на работници.

Advertisements
adsense

Во потрага по подобар живот и работа, од Македонија бега секој – што може, засекогаш, или времено. Токму тоа се случува и со вработените во хотелско – угостителскиот сектор. Мотивирани, со високи плати и подобри услови за работа – келнери, готвачи, слаткари – масовно заминуваат за Хрватска, додека Охрид, во пресрет на почетокот на туристичката сезона, е без доволен број на работници.

Келнери, бармени, хотелски персонал. Македонија се соочува со сериозен недостиг на работници алармираат од угостителско-туристичкиот сектор. Велат дека агенциите биле преплавени со огласи за персонал каде се бара кадар буквално за се, од кувари, слаткари, па се до обични работници. Но сето тоа е бадијала, зашто огромоен број Македонци веќе се иселија, револтирани од државата која не прави ништо за да ги задржи дома.

Се помалку работници остануваат дома, се повеќе се иселуваат, па ако се продолжи со ова темпо на работа, ќе дојде и денот кога нема кој и кафе да не послужи.

Advertisements
adsense

Последнава година, осовебо после пандемијата е загрижувачки фактот што многу малку работници се јавуваат на објавени огласи, доаѓаат на разговор, ги прифаќаат условите за работа со задоволство и следниот ден не се појавуваат, и со право. Условите се речиси и никакви.

Туристичките центри, како што се Охрид и Струга, во текот на летната сезона им недостасуваат работници за задоволување на потребите во сите дејности, а особено во угостителскиот сектор. Според стопанствениците, потребни се над 500 работници и тоа најчесто келнери и готвачи, кадар што за жал го нема- Пишува Тв Алфа.

Advertisements
adsense

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.