Заев: Со благословот и Tомосот македонскиот народ нема повеќе проблем ниту со името, ниту со црквата.

Advertisements
adsense

„Со благословот и Tомосот за афтокефалност на МПЦ-ОА што Српската православна црква го упати до Вселенската патријаршија веќе не постои ниту една пречка и очекуваме патријархот Вартоломеј да ја прогласи МПЦ-ОА и официјално за афтокефална. Нека е за многу години овој голем ден, историски за православието и за македонската државност“, напиша на Фејсбук поранешниот премиер Зоран Заев.

Тој потенцира дека македонскиот народ и сите граѓани на Македонија, сите заедно одлучил да живеат во мир, единство, слога и напредок.

Advertisements
adsense

„Одлучивме да решаваме проблеми и да создаваме иднина. Договорот од Преспа, членството во НАТО, Отворен Балкан и политиките на добрососедство се причината зошто од денес македонскиот народ нема проблем ниту со името на својата македонска земја, ниту со својата Македонска православна црква – Охридска архиепископија, ниту со својата безбедност и сигурност. Живееме и ќе живееме во слога со нашите балкански браќа и сестри, целосно ја заокружуваме нашата духовна и државна независност“, напиша Заев.

Advertisements
adsense

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.