За свој имот плаќаат како за волk со кожа. Вака Дејан од kратовско Којково започнува да ја раскажува својата голгота.
Тој пред две години наследува имот од неговиот татко. Неколку месеци по смртта на татко му започнуваат и проблемите со неговиот сосед во селото.
Имено, соседот го тужи Дејан за помошна просторија, односно дека истата е негова. И покрај тоа што Дејан има уредни документи за тоа што се наследил од неговиот татко, судиката донесува пресуда во корист на неговиот сосед. Сега објектот се наоѓа на земјата на Дејан, но заклучена со катанец од соседот.
„Ситуацијата започна откако покојниот мој татко имотот го префрли на мое име и соседот почна да се кара и да бара право на сопственост. Бараката и имотот е наследен од прадедо, дедо, татко ми па јас преку Основен Суд Картово, кој носи сега три пресуди за да може да му помогне на соседот за да се стекне со право на сопственост“ – вели Дејан.
Освен тужба за Дејан, соседот ја тужел и неговата мајка, па сега и двајцата не смеат да влегуваат во нивната помошна просторија, дополнително имаа голема сума на пари кои треба да ги вратат на извршителот. Но, со тоа не се решава во целост проблемот.
По ваквите настани Дејан се обратил до повеќе институции, но вели слух за проблемите и правдата никој нема.
Лаура Стојанова М-Нет