Инцидент во Собранието, Џафери ја заклучи салата и ги исклучи микрофоните.

Advertisements
adsense

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, вечерва побара да се заклучат вратите од собраниската сала, за службите да ги пребројат пратениците, а собраниските врати од салата за да службите пребројуваат пратеници, што наиде на остри протести од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ. По заклучувањето на вратите, пратениците прашуваа врз основа на што заклучува собраниски врати, а тој одговори: „Деловникот“, јавува Макфакс.

На реакциите да не ги заклучува вратите, Џафери рече: „Јас наредувам. Спушти камера, затворете врата. Пребројте пратеници колку има“, а пратениците се собраа околу неговото место. Џафери одново реагираше: „Тргни се од тука, не сум те повикал. Тргни се од тука. Седете на свои места“.

Advertisements
adsense

„Кој ти дава право да заклучиш сала?“ го праша Никола Мицевски, координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, а Џафери кажа: „Деловникот“.

„Правото на движење е мое право“, му одговори Мицевски, а Џафери возврати: „Јас сум претседател на Собранието“.

Advertisements
adsense

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.