Наместо рампа за лицата кои се движат со потешкотии, градоначалничката на Скопје им направи скијачки Спуст.

Advertisements
adsense

Екипите на ЈП „Улици и патишта“, по налог на Град Скопје, деновиве интензивно работат на изградба на рампа за пристап на лицата со потешкотии во движењето кон пешачкиот мост во Сарај.

Но ако подобро ја здогледнете фотографијата ова повеќе ова личи на скијачки Спуст отколку рампа за лицата со потешкотии во движењето !!!

Oд град Скопје се пофалија:

Advertisements
adsense

Пристапната рампа е поставена паралелно со скалите, а во тек се подготовките за бетонирање.

-Со изградбата на оваа рампа ќе се овозможи полесен пристап до мостот во Сарај за сите граѓани, за лицата со потешкотии во движењето, за родителите со мали деца, велосипедистите и за рекреативците, велат од Град Скопје.

Изградбата на рампата се очекува да заврши до крајот на месецов.

Advertisements
adsense

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.