Професорот Тони Богојевски од Тетово е еден од ретките, а можеби и единствен Македонец кој држи настава на албански јазик

Advertisements
adsense

Општинското средно стручно училиште „Ѓоце Стојчески“, попознато кај тетовци како Текстилно училиште, е едно од најстарите средни училишта во градот. Порано многу популарно кај младите пред сè поради развиената текстилна индустрија, а денес состојбата е сосем подруга. Од 2000 година нагло почна да слaбее интересот за овој вид средно образование, посебно кај учениците Македонци. Во 2005, поради енормно намелениот број запишани ученици, се прекина наставата на македонски и сега се одвива само на албански јазик.

Меѓу професорите кои денес ја држат наставата во ова средно училиште е и Тони Богојевски, кој ги предава предметите од текстилната и прехрамбената струка. Tој предавањата ги држи на албански јазик кој извонредно го познава и говори.

„До 2001 година не го знаев албанскиот јазик. Можеби само неколку вообичаени зборови. Тогаш слушнав дека во Работничкиот универзитет во Тетово започнува курс за албански јазик. Се запишав на курсот не дека имав некаква потреба да го знам јазикот, туку чисто од љубопитност. Таму завршив три курсеви за изучување на албанскиот јазик. Така започнав и јазикот ми дојде мошне интересен. По завршувањето на курсевите почнав самиот да го учам и да го усовршувам јазикот. Секако тоа не беше така лесно.

Голема помош имав од просесорката по албански јазик Феиме Ибраими, која многу ми помогна да ја совладам граматиката бидејќи тогаш немаше книги од каде да учам. Во 2004 го положив испитот за петти степен, а во 2005 добив решение за овластен судски преведувач од албански на македонски јазик и обратно во Основен суд Тетово.

Advertisements
adsense

Потоа почнав и со држење приватни курсеви по школите и тие курсеви уште ги држам за оние кои се заинтересирани да го научат албанскиот јазик. Од пред пет години во Средното текстилно училиште, каде работам веќе 30 години, започнав да држам часови по стручните предмети од областа на текстилот и прехрамбената технологија на албански јазик за учениците од албанските паралелки“, вели Тони Богојевски-за СДК.МК

Богојевски е еден од ретките а можеби и единствен Македонец во Македонија кој држи настава на албански јазик и за ова нема никаква законска пречка.

СДК.МК

Advertisements
adsense

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.