Денес претседателот Пендаровсkи имал средби и со грчкиот премиер, со директорот на француската генерална дирекција за надворешна безбедност и со претседателката на Европската централна банка.

Претседателот Пендаровски за време на неговото учество на Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија, се сретнал со сопственикот на фудбалскиот гигант Манчестер Јунајтед, Аврам Глејзер.
Со газдата на англискиот клуб, вели, Пендаровски, разговарале за македонскиот фудбал, но и за Кристијано Роналдо кој е дел од тимот на Јунајтед.
„Со сопственикот на Манчестер Јунајтед Аврам Глејзер, во Давос на Светскиот економски форум разговаравме за подемот на македонскиот репрезентативен фудбал и квалитетот на нашите фудбалери. Зборувавме и за Роналдо, несомнено еден од најдобрите. Ја имав честа од прва рака да чујам за неговиот иден статус и за најновите засилувања во клубот“,
вели шефот на државата.