Талат: Не ги пцуев вработените во Собранието, туку нивниот однос, воопшто не чуствувам вина !!!

Advertisements
adsense

Претсед’ателот на Собранието Талат Џафери вели дека пц’овките кои се слушнаа на Собранискиот канал по завршување на седницата пред две недели не биле упатени кон вработените во собраниските служби, туку кон нивниот однос кон работата, на денешниот брифинг со новинарите. Тој, исто така, вели дека не чувствува одговорност да се извини.

Според Џафери, вработените во собраниската служба направиле грешка со материјалите и дека ако тој не ја забележел грешка, седницата ќе требало да се врати назад.

Доколку се оди до крај, за таква грешка се оди дома. Материјалот кој се подготвил по гласање на дневниот ред, така како што беше подготвен, ја враќа седницата на почетокот. Ако не увидев на таква грешка, можеше да доведе во ситуација да не може да се поврати седницата. Таа не е лична работа, таа е одлука на Собранието. Собранието одлучува по дневниот ред. Такви материјали значеа седницата да се врати назад“, изјави Џафери.

Advertisements
adsense

Тој ги обвини вработените од собраниската служба дека во работно време се шетаат по улица Македонија во центарот на Скопје, наместо да работат.

„Не сметам дека сум прекршил нешто, останатото е мислење на јавноста. Јавноста си го кажа своето“, кажа Џафери.

Advertisements
adsense

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.