Претседателот на Собранието, Талат Џафери, не смета дека треба да им се извини на вработените во Собранието на кои пред неkолку дена им се обрати со погрдни зборови кои се слушнаа за време на директниот пренос на собранискиот телевизиски kанал. На брифингот со новинари, Џафери рече дека не мисли дека го прекршил Кодексот за етичко однесување, сѐ додека ја врши својата работа како што треба.
„Не чувствувам потреба дека треба да се извинам. Вршејќи ја својата работа не сметам дека го прекршив Етичкиот кодекс“, вели Талат Џафери.
После оваа негова скандалозна изјава на социјалните мрежи се огласи и лидерот на Левица Димитар Апасиев.
