Британските војници кои нападнаа полицаец и демолираа кафуле во Неготино нема да одговараат во земјава, таков е договорот со НАТО.

Advertisements
adsense

Британски војници дојдени во земјава за последната воена вежба на НАТО на полигонот Криволак, деновиве предизвикаа серија инциденти, но нема да одговараат во Македонија, бидејќи така налага договор потпишан во рамките на стапувањето на земјава во НАТО, пишува МКД.мк.

Advertisements
adsense

Од Министерството за одбрана велат дека поведувањето постапки и евентуално санкционирање на странските војници е во надлежност на државите и институциите на земјите од каде што доаѓаат војниците.

„Сите војници кои доаѓаат од сојузничките земји на обуки и вежби во Северна Македонија потпаѓаат под НАТО СОФА – договорот (Договор за статус на сили), кој важи за сите земји – членки на Алијансата. Домашните институции кои имаат обврска да го одржуваат јавниот ред и мир и во случај на негово нарушување можат да интервенираат и да спречат ескалација, но нивната надлежност е ограничена. Поведувањето постапка и евентуалното санкционирање е во надлежност на државите и институциите на земјите од каде што доаѓаат војниците”, се вели во одговорот од МО за МКД.мк.

Ниту во едниот, ниту во другиот случај, според одговорот од МО, за нив МВР не може да поднесе пријава , бидејќи како што велат, нивната надлежност е ограничена, иако во изминатиот период имаше грабеж на автомобил, кршење ресторан и напад на службено лице.
Британскиот контигент е дел од мултинационалната вежбата „Брз одговор 22″ во која се реализираат воздушни десанти во овој обем. Во воената вежба на „Криволак” учествуваат 4.600 припадници од вооружените сили на осум земји членки на НАТо
Advertisements
adsense

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.