Американсkиот претседател Џо Бајден објави неkолку имиња, како што рече, на kлучни личности кои ќе служат во неговата администрација- За нова ам’басадорка во Северна Македонија тој ја номинираше Ангела Агелер, која и е добро позната на овдешната јавност како советничка за односи со јавност на амбасадата на САД во Скопје во периодот 2009-2011 година.
Агелер е дипломатка од кариера, и во Северна Македонија ќе дојде од позицијата заменик- амбасадор на САД во Пакистан. Во својата кариера работела и како советник за односи со јавност во амбасадата на САД во Париз, во Стејт Департментот како заменик помошник државен секретар за јужна и централна Азија, и повеќе други позиции во американската администрација.
Ангелер рече дека е почестена од кандидатурата за нова амбасадорка во Северна Македонија.
Пред преземањето на функцијата и претстои и конфирмација од страна на Сенатот, после што претседателот и официјално ќе ја наименувана за амбасадорка. Вообичаено процесот од номинација до конфирмација трае околу 67 дена. Ангела Агелер зборува покрај англиски и француски, и македонски јазик.
NovaTv