ОЈО Битола поведе постапка против две лица осомничени за кривично дело Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста, а за едното од нив е предложен притвор.
-Двајцата битолчани, на 22 мај, на паркингот пред Спортската сала „Боро Чурлевски“, физички нападнале тројца полициски службеници кои вршеле работи на јавната безбедност – обезбедување спортски натпревар.
Првоосомничениот со тупаници ги удирал оштетените полициски службеници, нанесувајќи им телесни повреди. Вториот осомничен, пак, ги влечел при што му ја искинал службената униформа на еден од полицајците.