На фестивалот во Измир актерот Мето Јовановски добитник на наградата за животно дело „Златен чадор“

Advertisements
adsense

На свеченото отворање на осмото издание на Балкан панорама филм фестивал во Измир, Турција на македонскиот актер Мето Јовановски, кој е почесен гостин на ова издание на фестивалот, му беше доделена наградата „Златен чадор“ за неговиот придонес во филмската уметност, информираше Кинотека на Северна Македонија. Наградата му ја додели заменик министерот за култура на Турција Ахмет Мисхба Демирџан.

Advertisements
adsense

Јовановски кој е и член на жирито за избор на најдобар филм во интернационалната програма истакна дека филмот како медиум, односно магичните подвижни слики, ги надминуваат сите граници, бариери и се достоен репрезент, духовна вредност на културните различности и духовен спој, мост во заедништвото, пријателство и љубов меѓу народите.

Advertisements
adsense

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.