Во центарот на Охрид, околу објектите на Секторот за внатрешни работи, е под силно полициско обезбедување, што предизвика коментари и вознемиреност кај граѓаните.
Од утрово улицата и паркиралиштата пред СВР Охрид, затворот и пред објектот на охридската противпожарна бригада се блокирани и забрането е паркирање и задржување на возила.
Објектите ги обезбедуваат вооружани полицијаци под полна опрема !!!!
Надлежните сè уште не излегле со официјално соопштение, меѓутоа, како што дознава Шило Магазин од извори во полицијата, засилените мерки на безбедност се поради големиот нарко бос кој беше фатен со голема количина на дро-га на граничниот премин.

Осудениот отслужува казна затвор во Прилеп.