Тргнале со вечерниот воз од Скопје до Велес, но поради дефект продолжиле пеш по пругите.

Advertisements
adsense

Средата вечер патниците во вечерниот воз од Скопје за Велес, која поаѓа во 22,30 часот имале непријатна епизода при пристигнувањето во железничка станица Велес. Патници велат дека морале да одат пеш за да стигнат до станицата во Велес оти возот не можел да стигне до станицата пишува Сдк.Мк

„Пред да стигнеме во Велес, возот сопре на сигналот, на влезот во станицата. Ни кажаа дека нешто со сигнализација е расипано и ќе треба да чекаме да се поправи, требало да дојде некое лице од Неготино. Не ни кажаа колку време ќе чекаме, па сите колку што бевме во возот решивме пеш да ги изодиме тие неколку стотини метри од станицата. По мрак, газејќи по прагови стасавме некако пред полноќ. Одевме пеш од мостот на Вардар кај Башино село до станица“, вели еден од патниците.

Advertisements
adsense

Од Македонски железници инфраструктура велат дека возот не можел да стигне до станицата оти дошло до затајување на блок апаратот пред влезот на станицата Извор:Сдк.Мк

Advertisements
adsense

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.