Македонија победник на 4 -то издание на Балканскиот фоклорен фестивал во Корча

Advertisements
adsense

Во Корча се одржа 4-то издание на Балканскиот фестивал на кој учествуваа најдобрите ансамбли, на едно вистинско празнување на традицијата. Со изведби на ора и песни од целиот Балкан, домашните и странските
уметници се здружија за да ја пренесат богата култура и традиција. Шест балкански земји го промовираа своето традиционално наследство на еден фестивал, каде натпреварувањето на фолклорните групи останува колку симболично толку и стимулативно за уметниците.

Фолклорните групи од Албанија, Македонија, Црна Гора, Грција, Босна и Херцеговина и Косово со парадата на нивните национални костуми, приредија спектакл на улиците на градот Корча. Изведувајќи традиционални танци, песни и инструменти под звуците на народната музика, тие го претворија плоштадот кај стариот пазар во Корча, во центарот на „Балканскиот дух“.

Директорката на културниот центар на Корча, Блерта Балиу рече дека „Балканскиот дух е создаден четири години и има за цел да ја обедини уметноста на целиот Балкан затоа што сме толку слични едни на други“.

Advertisements
adsense

На последната вечер на овој фестивал што се одржа во театарот „Андон Зако Чајупи“, по одличниот настап на ансамблите на 6 -те земји учесници, Ансамблот „Студио Фолклор“ од Скопје беше беше прогласен за победник на ова 4 -то издание.

vesnikilinden

Advertisements
adsense

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.