Мицкоски за поплавата во РЕК Битола: Голем број на рударски машини се удавени…

Advertisements
adsense

РЕК Битола информира дека поради силното невреме од дожд и град предизвикани се поплави и големи сливови на вода во рудникот Суводол, од каде се носат најголемите количини јаглен за РЕК Битола.

– Силното невреме кое вчера го зафати подрачјето на рудникот предизвика големи дотоци во откопното поле и на позициите каде се лоцирани големите багери и системи за транспортирање на јагленот. Комбинатот во моментот работи со сите човечки и технички ресурси кои ги поседува на санација на состојбата и на непречен ископ на јаглен, кој сепак се одвива под отежнати услови – се вели во соопштението од РЕК Битола.

Истовремено пред јавноста излезе и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој покажа фотографии од поплавата и рече дека штетата на дневно ниво поради оваа полава се бројат во милиони евра.

Голем број на рударски машини се удавени и затоа ќе плаќаме скапа увозна струја. Штетата дневно се мери во милиони, рече претседателот на најголемата опозициска партија.

Advertisements
adsense

Мицкоски дополни дека јавното осветлување на општините не може да биде причина за најавено поскапување на електричната енергија за 10 отсто за домаќинствата и дека голем број општини имаат уредни договори со јавно-приватни партнерства за штедливо трошење на струјата.

Раководителот на производство во Рудници-РЕК Битола, Димитар Петковски, изјави дека искошот на јаглен и јаловина не е запрен но дека се работи во отежнати услови.

Пред две години силно невреме и дожд целосно ги поплавија откопните полиња со јаглен и ги парализираа багерите и другата механизација, по што беше потребно подолго време за испумпување на водата и настанатата кал, за да се овозможи пристап и да се врати процесот за ископување јаглен.

Advertisements
adsense

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.