Центарот за управување со кризи (ЦУК), согласно информацијата од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), превентивно апелира и препорачува на граѓаните во земјава од попладнево викендов да избегнуваат локално движење во и покрај суводолици и други стари корита – водотеци, како и во долови по коишто се слевале порано порои од обилни дождови, информираа од ЦУК.
Концентрацијата на врнежи на одреден простор е со голема веројатност можна во делови на земјава, проследено со силно локално невреме. Постои голема можност да биде голема и опасна поројната вода по околината таму каде што ќе зафати поројниот дожд што се предвидува да падне во делови од земјава.
Од УХМР известија дека викендов на места земјава ќе биде зафатенa од метеоролошка нестабилност со интензивен пороен дожд (за кратко време поголема количина), грмежи и силен ветер, локално во форма на невреме, грмежи и можна појава на град.
В недела дневната температура ќе се намали за неколку степени, а од понеделник ќе се намали метеоролошката нестабилност и ќе преовладува потопло време.
Како што вчера објавивме, УХМР е подготвен за невремето и со 3 авиони ќе ги разбива градоносните облаци.