Официјално пријавени во институции околу 300, а неофицијално 1000 украински бегалци престојуваат во Македонија. Заминале со една торба в рака, па сега секоја донација за нив е добредојдена. Но, тоа не е единствен проблем, некои немаат покрив на глава.
Тие лица се соочуват со низа проблеми: сместување, недоволните средства коишто ги имаат на располагање и затоа бевме принудени да ја организираме ова акција преку која се пристапи кон собирање на оние средства коишто им беа најпотребни, храна, облека витамини, суплементи и средства за хигиена-вели Јован Андоновски, заменик-народен правобранител.
Не може да се предвиди уште колку долго ќе трае војната, а со тоа и кризата. А овие лица кои се на работ на егзистенција не можат да живеат само од донации, потребно им е вработување за да можат да егзистираат. Но, овде не можат да го остварат тоа право. И покрај барањето на украинската амбасада од пред 3-4 месеци се уште нема одлука на Влада, а немаат и билатерален договор двете земји за такво нешто.Ниту пак добивме одговор до сега зошто.