Објавена снимка на која функционер на МВР
ослободува човек што пукаше во полицајци
(ВИДЕО)

Advertisements
adsense

На социјалната мрежа Твитер се појави видео на кое според профилот што го објавува
се гледа како висок полициски функционер од ДУИ ослободува напаѓач кој пукал во
полицајци.
Видеото е потврда на информациите за инцидентот по кој веднаш немаше уапсени а
министерот Спасовски не сакаше да го коментира најверојатно во надеж дека нема
видео докази за ослободувањето на напаѓачот од страна на МВР кое е под негова
контрола.
Видеото допрва треба да биде анализирано и од внатрешната контрола на МВР, од
јавното обвинителство но и од владата чиј министер Спасовски не постапувал по
информациите за инцидентот.
Според официјалните објави инцидентот во Чаир каде со огнено оружје беа нападнати
полицајци од група луѓе се случил пред 6 дена.
На 23.05.2022 е пријавено дека околу 19.45 часот полициски службеник од ЕВР Чаир
во близина на ресторан на ул. „М.К. бригада“ во Скопје запрел возило „митцубиши“ кое
имало вклучено т.н. флешери. Возачот почнал агресивно да се однесува, а за кратко
време на местото на настанот пристигнал и М.Љ. со уште неколку лица, при што
физички го нападнал полицискиот службеник.
На местото на настанот пристигнале и други полициски службеници, кои биле
нападнати од групата. М.Љ. испукал од пиштол во воздух, но бил совладан од
полициските службеници и пиштолот му бил одземен, а од пукањето нема повредени
лица.

Advertisements
adsense

Потоа дошле и други лица, меѓу кои и полициски службеници, по што М.Љ. се дал во
бегство. За М.Љ. бил распишан централен распис, но тој наредниот ден сам се
пријавил во полициска станица.
За настанот е известен јавен обвинител и Одделот за внатрешна контрола,
криминалистички истраги и професионални стандарди, обезбеден е пиштолот и видео
снимки од настанот и се преземаат мерки за расчистување на настанот, по што ќе
следуваат соодветни поднесоци.
Една недела подоцна нема никаква акција од страна на МВР или обвинителството по
што денеска е објавено видеото од кое канал се гледа што се случува.
По видеото на Спасовски и на обвинителството нема да им биде лесно да молчат и да
се обидуваат да го скријат инцидентот- Пишува Expres.Mk

Advertisements
adsense

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.