Османи замина за Јапонија да бара инвеститори.

Advertisements
adsense

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на 30 и 31 мај ќе престојува во работна посета на Јапонија, на поkана на јапонскиот министер за надворешни работи, Јошимаса Хајаши.

Покрај средбата со својот хомолог, министерот Османи ќе биде примен од престолонаследникот на Јапонија, принцот Акишино.

Министерот ќе има одвоени средби со спикерите на Домот на претставници и Домот на советници при Парламентот на Јапонија, Хиројуки Хосода и Акико Санто.

Во рамките на економскиот сегмент на посетата, министерот Османи ќе организира бизнис форум со Јапoнската организација за надворешна трговија – JETRO, каде ќе ги презентира поволностите за инвестирање во Северна Македонија пред истакнати јапонски компании како Хонда, Митсубиши, Нипон Коеи и сл. Дополнително, министерот Османи ќе оствари средба и со министерот за Осака EXPO 2025, Кенџи Вакамија.

Advertisements
adsense

Целта на посетата е унапредување на билатералните односи меѓу Северна Македонија и Јапонија, со посебен акцент на економската соработка и бизнис релациите, Воедно, ќе бидат разменети мислења за актуелната безбедносна состојба во европскиот континент и Индо – Пацификот, надворешно-политичките приоритети на двете земји, како и за актуелните меѓународни прашања и регионални теми.

Османи од Токио ќе отпатува за Вашингтон, каде ќе ја предводи Владината делегација во рамките на Стратешкиот дијалог меѓу Северна Македонија и САД.

lokalno.Mk

Advertisements
adsense

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.