Поплавени улици и дворови во Тетово, граѓаните со кофи и пумпи ја одстрануваат водата. (Видео)

Advertisements
adsense

Поплавени улици во Тетово за време на обилните врнежи од дожд кои траеја околу еден час. Водата влегуваше и во дворовите на некои куќи, во гаражи сместени во станбени згради, а мали езерца се содаваа и во деловите на патиштата каде има подвозници.

Жителите кои живеат на улицата „Благоја Тоска“, во делот кај Касарната, често при врнежи од дожд се соочуваат со ваков проблем. Денес тие со кофи и пумпи ја вадеа водата од дворовите.

Од Општина Тетово велат дека екипи се излезени и работат на расчистување на критичните места. Велат дека допва се разгледуваат пријавите и евентуалните штети, по што ќе одлучуваат за следните чекори на состанок на Кризниот штаб со сите релевантни институции.

Advertisements
adsense

Инаку обилен дожд и град ги зафати и тетовските села, каде земјоделците допрва ќе ги проценуваат штетите.

Пишува Данијела Билбилоска за Тв Телма.

Advertisements
adsense

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.