Пратеникот од ДПМНЕ Акександар Николоски, потрошил 402.167 денари за патни трошоци.

Advertisements
adsense

АЛЕКСАНДАР НИКОЛОСКИ – ПРАТЕНИК ОД ДПМНЕ-ОХРИД ЗА 15 МЕСЕЦИ ПОТРОШИЛ 402.167 ДЕНАРИ ЗА ПАТНИ ТРОШОЦИ

Наместо неконтролираното трошење на народни пари за патувања со приватни шофери и луксузни автомобили, сакаме да го потсетиме пратеникот од ДПМНЕ дека и редовниот автобуски превоз може да биде доволно комфорен за да се стиге до работното место како што патуваат општите работници.

Пратениците од политичката партија Левица – Димитар Апасиев и Борислав Крмов се единствените кои преку личен пример ја застапуваат целта да се укинат патните трошоци, односно тие имаат 0 (НУЛА) денари за патни трошоци!

Advertisements
adsense

Охриѓани уште еднаш ги информираме дека беше одбиена предложената точка од Левица за законски измени да биде ставена на дневен ред, односно од вкупно 108 пратеници, 89 гласаа „ПРОТИВ”, што значи не беше изгласан Предлог на Законот од Левица за укинување на патните трошоци на пратениците (кои имаат плати повисоки од 1.000 евра) и кратење на противуставното т.н. право на апанажа на пратениците од Собраните на Република Македонија.

Политичката партија Левица и понатаму ќе има за цел да ги УКИНЕ ПАТНИТЕ ТРОШОЦИ НА ПРАТЕНИЦИТЕ.

Стои во соопштението на Левица.

Advertisements
adsense

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.