Евровизиските победници го продадоа пехарот, со парите ќе купуваат дронови за војската.

Advertisements
adsense

Пехарот што го освои како претставник на Украина со победата на овогодинешната Евровизија, бендот „Калуш оркестар“ го продаде на хуманитарна аукција за 900.000 долари, а парите ќе бидат наменети за купување на три беспилотни летала за вооружените сили на Украина.

„Пријатели, вие сте неверојатни! Благодарни сме на секој од вас што донираше средства за оваа аукција, а особено на тимот на Whitebit кој го купи трофејот за 900.000 долари и сега стана негов сопственик.

Advertisements
adsense

Претплатете се на нив, тие навистина го заслужуваат тоа. Слава на Украина! Слава на вооружените сили на Украина“, објавено е на Фејсбук профилот на оваа група, пренесува Укринформ.

Kalush Orchestra from Ukraine pose after winning the 2022 Eurovision Song Contest in Turin, Italy, May 15, 2022. REUTERS/Yara Nardi

пишува: dosie.mk

Advertisements
adsense

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.