Ковачевски: Платата стигна до 500 евра и уште ќе расте, а невработеноста е на историско ниско ниво.

Advertisements
adsense

„Стапката на невработеност се очекува дополнително да се намалува. Во моментов е на историско најниско ниво од 15,2 проценти“, изјави премиерот на Македонија, Димитар Ковачевски на обраќањето на меѓународната конференција „Економски финансиски форум“.

„Создаваме основа за забрзување на економскиот раст. Во втората половина од годинава предвидуваме стабилизирање на цените. Прогнозите се дека економскиот раст на среден рок кај нас е забрзан“, изјави Ковачевски.

Advertisements
adsense

Како што најави премиерот, се очекува и раст на нето платата.

„Го обезбедуваме растот на просечната нето плата, која според статистиката достигна 500 евра“, вели Ковачевски.

Advertisements
adsense

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.