Македонскиот краткометражен филм „Проблемот на Тина” – најдобар во Измир, Турција

Advertisements
adsense

„Проблемот на Тина” во режија на Радован Петровиќ во продукција на Партизанс и Кино Око ја освои наградата Yellow Umbrella за најдобар краток филм во интернационалната селекција на Balkan Panorama Film Festival што се одржува во Измир, Турција. Филмот победи во интернационалната конкуренција од 350 пријавени филмови од поширокиот регион на Балканот.

Advertisements
adsense

Сценариото е на Румена Бужаровска, напишано според нејзиниот истоимен расказ. Главните улоги ги толкуваат Душица Настова, Жаклина Стефковска-Дрнасин, Јордан Симонов, Тамара Ристоска, Емилија Мицковска-Трајковиќ. Директор на фотографија е Андреј Лембанов, сценограф Илина Ангеловска, костимограф Жаклина Крстевска, шминка Ирена Сенокозлиоска, монтажери Радован Петровиќ и Вардан Тозија, а дизајн на звук Ристо Алчинов. Продуцент на филмот е Роберт Насков. Филмот е финансиски поддржан од Агенцијата за филм на Република Македнија.

Advertisements
adsense

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.