Мажот барал сопругата да му ги врати силиконите гради, бидеќи тој и ги платил.

Advertisements
adsense

Разводните спорови со себе носат многу kомпликации и проблеми, особено ако партнерите имаат деца. Но, во некои случаи распределбата на имотот и неизбежниот стрес околу дебатата „што е чие“ може да го добие својот црно-комичен тон.

Адвокатката Олга Турчиновиќ гостувајќи во утринската програма на телевизија „Прва“ раскажа за еден од најнеобичните случаи поврзан со распределбата на имотот. Проблемот не е во сопственост на недвижен имот или вредни предмети, туку во силикони.

– Имаше апсурдни ситуации во мојата професионална кариера. Еден од најапсурдните беше кога мојот клиент, во кој случај јас застапував маж, донесе сметка за вградување на силиконските гради на неговата сопруга како доказ дека тој платил за нив. Воопшто не можев да разберам дали мислеше дека тоа е нивна заедничка сопственост, па ние во некоја постапка ќе докажеме дека тоа е така. Не сакам да бидам невкусна во утринската програма.

Advertisements
adsense

Реков – не знам што сакаш, сакаш ли да бараме левата града да остане кај неа, а десната кај тебе? Морав да внесам трагикомедија во ситуацијата ако речеше – да; ова е сосема лудо, изјави Олга Турчиновиќ.

На списокот со необични настани, адвокатката ја додаде и размената на правосмукалки меѓу поранешните сопружници на паркингот пред нотарската канцеларија, но и инсистирањето да се врати свршеничкиот прстен.

Извор: Женски Магазин

Advertisements
adsense

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.