МВР ги демантира информациите во јавноста дека заменик-директорот на БЈБ ги ослободил криминалците кои пукаа во полицајците во Чаир.
„На 23.05.2022 околу 19.45 часот полициски службеник од ЕВР Чаир во близина на угостителски објект на ул. „М.К. бригада“ во Скопје запрел возило „митцубиши“ кое имало вклучено т.н. флешери. Возачот почнал агресивно да се однесува, а за кратко време на местото на настанот пристигнал и М.Љ. со уште неколку лица, при што физички го нападнал полицискиот службеник. На местото на настанот пристигнале и други полициски службеници. М.Љ. испукал од пиштол во воздух, но бил совладан од полициските службеници и пиштолот му бил одземен, а од пукањето нема повредени лица. Потоа дошле и други лица, меѓу кои и полициски службеници, по што М.Љ. се дал во бегство.