Николовски: Со авионите спречивме градот да предизвика големи штети низ државата.

Advertisements
adsense

Николовски: Да не беа овие дејствувања од страна на авионите низ целата држава, ваквите штети како Лозово ќе беа на многу повеќе места.

Викендов, нашата земја беше зафатена од нестабилни временски услови кои предизвикаа пороен дожд и град на повеќе места низ државата. Екипи на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска се на терен низ повеќе региони и вршат увид на состојбата и штетите предизвикани од невремето. Министерот Николовски заедно со директорот на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) Ивица Тодоровски, го посетија Лозово кое вчера во текот на ноќните часови беше зафатено од силно невреме проследено со град.

Advertisements
adsense

„Денеска сме во Лозово заедно со земјоделците и директорот на УХМР, Ивица Тодоровски каде вршиме увид врз штетите кои ги предизвика невремето. За жал најголеми штети се забележани во Лозово, кое со град и силен дожд е зафатено во текот на ноќта после 22:30 часот. Сепак да не беа овие дејствувања од страна на авионите низ целата држава, ваквите штети како Лозово ќе беа на многу повеќе места“ изјави министерот Николовски и потенцираше дека благодарение на авионското засејување на облаците и дејството во текот на викендот на повеќе локации, спречена е штета со ефект на заштита од над 80%. Штетата во Лозово е последица на тоа што невремето се случило во доцните ноќни часови, а тоа е период во кој авионското дејство е невозможно од безбедносен аспект за пилотите.

Министерот Николовски ги повика општинските комисии веднаш да излезат на терен и да започнат со проценка на штетите и подготовка на елаборатите, како би можело навремено истите да стигнат до Владата и да бидат исплатени.

Advertisements
adsense

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.