Нобеловецот Кругман се зачуди: Да си ги поправите патиштата во Македонија, многу ви се лоши.

Advertisements
adsense

Првите впечатоци за државата на нобеловецот Пол Кругман ќе бидат патиштата по кои одел за Охрид.

Кругман е добитник на признание од Претседателот Стево Пендаровски,а по вшерашното пристигнување замина за Охрид на средби со државниот врв.

Денеска кратко порача: Да ги поправите патиштата затоа што се лоши. Добрата инфраструктура е клучот за развој и привлекување на инвестиции.

Неговата генерална оценка за глобалните економски случувања се дека растот ќе забави, но ќе има умерена рецесија. Инфлацијата нема да се продлабочи, но Европа ќе го пресели производството во земјите од Западен Балкан каде платите се пониски, оцени Кругман кој е добитник на Нобеловата награда по економија за 2008-ма година, поради анализите и револуционерните дефиниции за меѓународната економија.

Advertisements
adsense

Кругман, кој е либерал по идеологија, универзитетски професор на најголемите американски економски факултети, денеска зборуваше на Скопскиот економско-финансиски форум.

Премиерот Димитар Ковачевски очекува стабилизација на цените од средината на годинава.

Пишува Телма Тв

Advertisements
adsense

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.