Славјанка од САД: Положив свежо цвеќе во домот на првиот американски претседател Џорџ Вашингтон

Advertisements
adsense

Почетокот на мојата работна посета на Соединетите Американски Држави симболично се поклопи со одбележувањето на Меморијалниот ден во САД, ден од огромно значење за американската Армија и војници кога се оддава почит на сите оние што ги дале своите животи во служба на нивната земја.

Ова го истакнува министерката за одбрана Славјанка Петровска, во нејзината објава на Фејсбук за посетата на САД.

Advertisements
adsense

– Во таа чест во Маунт Вернон, Вирџинија, во домот на првиот американски претседател, Џорџ Вашингтон. Положив свежо цвеќе на неговото вечно почивалиште како почит кон основачот на американската држава. С. Македонија и Соединетите Американски Држави се стратешки партнери и сојузници. Посветени сме на интензивните и блиски контакти помеѓу двете земји, а доказ за тоа е стратешкиот дијалог кој треба ќе се одржи на 2 јуни, тука во Вашингтон, кој претставува уште повисоко ниво на соработка, објави Петровска.

Како што денеска најави, и министерот Бујар Османи, кој два дена е во Јапонија да привлекува јапонски инвестиции во Македонија, од Токио лета директно во Вашингтон на Стратешкиот дијалог.

Advertisements
adsense

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.