Користењето на првото знаме на независна Македонија, Сонцето од Кутлеш, може да ве чини 200 евра, поради прекршување на јавниот ред и мир, дури и на неофицијален настан. Таков е случајот на раперот Жарко Масларковски, кој на прославата на втората европска титула на Вардар, вечерта веднаш по освојувањето, решил на грбот да го стави Сонцето од Кутлеш. Ваквиот потег бил доволна причина да реагира полицијата, и да напише прекршочна пријава.
-На наведената дата, време и место, пријавениот истакнувал знаме кое што не ги содржи обележјата утврдени со закон, по што од страна на полициски службеник од ПС ОН Центар Скопје, при вршење на служба на пријавениот му била издадена наредба да се престане со нарушувањето на јавниот ред и мир, на што истиот се оглушил на наредбата, со што постапил на наредбата на овластено службено лице на државен орган, се вели во обвинението.
Раперот е обвинет истакнување на знамето на настан кој не бил организиарн, туку бил спонтан собир на граѓани плоштадот Македонија со цел да го прослават големиот успех на македонскиот ракометен великан. Тој на втори јуни во 22 часот и 40 минути бил нотиран од полициски службеник поради знамето. Тоа беше и причина да присуствува на неколку судски рочишта.
-Жарко Масларковски од Скопје- Аеродром се повикува да се јавни лично во Основен Суд Скопје 1- Скопје, заради испитување во својство на обвинет, за прекршок Постанување спротивно на наредба по член 18 и член 14 од Закон за прекршоците против јавниот ред и мир, пишува во поканта за суд.
Ваквата забрана за користење на првото официјално знаме по независноста на Македонија доаѓа со потпишувањето на договорот од Нивици, на кој параф со покровителство на тогашните премиери Зоран Заев и Алексис Ципрас, ставија министрите за надворешни работи Никола Димитров и Никос Коѕијас. Еве што е пропишано со член 8 став 3 од Преспанскиот договор- Пишува Тв Алфа.