Стојанче: Еден дел од Тетово ќе го немаше ако експлодираа силосите за плин.

Advertisements
adsense

Директорот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, утринава во емисијата „Утрински брифинг“ рече дека големиот пожар во фабриката „Пофикс“ во објектот кој се наоѓа во близина на центарот на Тетово, бил навремено локализиран и била спречена голема трагедија.

– Ако не го локализиравме, ќе одеше кон силосите со плин со капацитет од повеќе тони и ако дојдеше до експлозија, добар дел од градот ќе го немаше, рече првиот човек на ЦУК.

Advertisements
adsense

Мерењата кои тој ги добил претпладнево велат дека ПМ честиците се околу 50 и им порача на граѓаните да бидат спокојни, бидејќи како што вели, нема загадување.

фактор.мк

Advertisements
adsense

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.