Стојанче: Вчера бев во Тетово, еве не сум отруен и се чувствувам добро

Advertisements
adsense

Пожарот е целосно изгаснат, но се уште има слаб чад и тоа е нормално по ваков пожар, вели директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, во Утрински Брифинг.

-Наместо да правиме проценка, дојде тим од АРСМ со опрема која е донација од САД и извршија мерење. Чад имаше, но немаше отровни материи. Нивната опрема може да детектира отровни испарувања. Немаше отровни матери кои настануваат од пожар. Јас бев во Тетово до вечарта во близина на пожарот, а утрово сум со вас и не сум отруен се чувствувам добро. Граѓаните треба да бидат спокојни, нема никаква опасност по нивното здравје, вели Ангелов.

Advertisements
adsense

Тој информира дека фабриката не е целосно изгорена, туку само нејзини делови, а долготрајноста на пожарот се должи на составот на материјалите кои биле во погоните и магацините. Тоа се материјали кои кога еднаш ќе се запалат горат долготрајно и тешко се гаснат.

Нова Тв

Advertisements
adsense

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.