Македонија е лидер по бројот на пушачи во Европа, меѓу нив и тинејџери

Advertisements
adsense

Македонија заедно со Србија се лидери по бројот на пушачи во регионот. Анализите на ИЈЗ покажуваат дека околу половина од населението во земјава барем во некој период од животот посегнало по тутунот.

Загрижувачки е податокот што околу 30 отсто од младата популација во земјава се пушачи, меќу нив има и деца од 14 -15 години кои што се активни пушачи.

Македонците во просек пушат по 20 цигари на ден, а најбројни меѓу пушачите се мажите. Исто така кај нас се регистрирани најниски цени на цигари не само во регионот, туку и во Европа, па може и тоа е причина за достапноста на тутунот, пренесе Вечер.

Advertisements
adsense

Овие поразителни бројки се објавени по повод 31 Мај, Светски ден за борба против пушење. На овој ден секоја година Светската здравствена организација укажува на штетните последици од употребата на тутун и од пасивната изложеност на чадот од тутунските производи.

Исто така, СЗО постојано го потенцира тутунот како причина и ризик фактор за повеќе заболувања меѓу кои и кардиоваскуларните болести, малигните и респираторните заболувања и дијабетесот.

Според СЗО, Македонија е на четврто место во светот според преваленца на пушење која се проценува на 46 отсто кај лица постари од 16 години.

Advertisements
adsense

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.