Македонски државјанин уапсен на граница, се обидел со 5 евра да подмити полицаец.

Advertisements
adsense

Државјанин на Република Северна Македонија е приведен од страна на косовската полиција, поради обид да поткупи со пет евра полицаец кој му ги прегледувал патните исправи, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во дневниот извештај на косовската полиција се наведува дека настанот се случил вчера (вторник, 31 мај), на граничниот премин Вермица/Морина на косовско –албанската граница.

Advertisements
adsense

По налог на надлежен обвинител македонскиот државјанин е пуштен да се брани од слобода, додека пасошот му е запленет до завршувањето на судските процедури.

Advertisements
adsense

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.