Државната МЕПСО денеска ја достави пресметката на трошоците до Регулаторната комисија и побара зголемување на тарифата за пренос за 68 отсто.
Претходно истото го сторија и ЕВН ХОУМ, Електродистрибуција и МЕМО и со ова сите енергетски компании ги доставија пресметките на трошоците до Комисијата.
Заедничко за сите е што пријавија загуби и бараат зголемување на цената на струјата но во различна висина но засега не е познато колку бараат останатите компании.
Од МЕПСО информираат дека барањето за 68 отстотно зголемување на цената na преносната тарифа се должи на зголемените трошоци за набавка на електрична енергија за покривање на загубите во преносната мрежа, кои се купуваат од слободниот пазар.
Сега останува на регулаторите да пресечат кои од пријавените трошоци ќе ги прифатат и признаат и колкаво ќе биде зголемувањето на цената на струјата. Претседателот на Регулаторна, Марко Бислимовски, соопшти дека е извесно поскапувањето да биде над 10 отсто а тоа го припиша на Општините кои наместо од слободниот пазар се снабдуваат со струја директно од ЕВН Хоум и за само неколку месеци потрошиле енергија вредна 30 милиони евра.
Јавува Телма