Македонскиот минатогодишен претставник на Евровизија, Васил Гарванлиев, неодамна се вери со својата љубов, а сега првпат јавно сподели фотографии со него.
Инаку, Васил живее во Америка, а во април годинава се вери со својот сакан, по што изјави дека во него се заљубил кога пристигнал во Америка и работите тргнале „од прва“.
„Заљубен сум и малку шокиран, стварно не очекував дека ќе ми се случи љубов. Ама, како што велам – внимавај што посакуваш“, изјавил Васил за „Репортер“.
Сега Гарванлиев за првпат сподели фотографии со својот вереник на кои изгледаат многу среќно.
Во описот на фотографиите кои ги сподели на социјалната мрежа Инстаграм тој на своите следбеници им порача дека секогаш треба да бидат искрени кон себе и да ги следат своите соништа.
„Двајца станаа едно. Љубовта победува. Среќен месец на гордоста. Останете верни на себе и следете ги соништата“, напиша Васил.
