Вишото обвинителство побара Апелација да ја одбие жалбата од ОЈО Велес за ослободителната пресуда за велешанката Пале

Advertisements
adsense

Вишото обвинителство Скопје смета дека Основниот суд во Велес донел исправна одлука со ослободителната пресуда за велешанката Павлинка Пале Илкоска, која беше обвинета за кривично дело убиство во миг.

Наспроти колегите од Основното јавно обвинителство (ОЈО) Велес кои бараа да се укине ослободителната пресуда и предметот да се врати на повторно судење поради погрешно утврдена фактичка состојба, денеска на јавна седница во Апелацискиот суд во Скопје, ВЈО се согласи со ослободителната пресуда побара отрфрлање на жалбата на колегите од основното обвинителство.

Advertisements
adsense

Илкоска, која била жртва на семејно насилство од партнерот со кого живеела во вонбрачна заедница, се гонеше за убиство во миг кое се случи кога таа во самоодбрана му нанесе рана со нож во септември лани. Дека таа била жртва и се бранела од насилникот потврди и самото обвинителство кога поднесе обвинение.

Advertisements
adsense

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.