Ковачевски: Автопатот до Охрид, не во Гинис туку во Суд влезе

Advertisements
adsense

Автопатот до Охрид беше и предмет на јавна дискусија, по тој пат полно влегоа ама во Судската палата а не во Гинис, одговори премиерот Димитар Ковачевски на новинарско прашање поврзано со работата на автопатот до Охрид.

Посочувајќи ги грешките и пропустите од почетокот на изведбата од страна на поранешната Влада на ВМРО-ДПМНЕ, премиерот Ковачевски рече дека сите недостатоци се поправени, се е расчистено и делница по делница посетепено ќе се става во функција.

Advertisements
adsense

„25% од трасата на тој автопат е одново проектирана, затоа што кога ќе се погледна свлечиштата, непостоењето на приклучоци како што било првично проектирано, и дополнително што трасата поминувала над резервоарот за вода за градот Кичево, можете да замислите за каква траса се работело. Со изместувањето на трасата за ¼ од целата делница беше потребно да се направи ново проектирање, тоа е се завршено и вие доколку погледнете сега после долго време веќе се работи на привршување и асфалтирање на делот од Охрид до аеродромот. Јас лично инсистирав кај министерот и кај директор на ЈП за државни патишта дека тоа е нешто што мора да започне, и затоа сите ресурси ги беа насочиле да се расчистат тие делници, тоа е сега расчистено и подделница по подделница ќе почнат со финализирање.“ рече премиерот Ковачевски на Канал 5 телевизија.

Advertisements
adsense

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.