Локалната власт предводена од градоначалникот Пецаков, започна со решавање на долгогодишниот проблем со кучињата скитници во Охрид.

Advertisements
adsense

Локалната власт предводена од градоначалникот, Кирил Пецаков започна со решавање на долгогодишниот проблем со кучињата скитници во Охрид.

До изградба на стационар за хуман третман, кучињата скитници од страна на ветеринарна амбуланта којашто на тендер ја избра ЈП „Охридски Комуналец“ ќе бидат заловувани, кастрирани, вакцинирани и чипирани и повторно ќе бидат вратени на заловеното подрачје.

Advertisements
adsense

Досега мапирани се околу 70 кучиња на повеќе локации во градот. Само изминатата година до ЈП „Охридски Комуналец“ пристигнале 29 барања за надомест на штети од каснување на кучиња, а од почетокот на оваа година до сега пак пристигнале само три вакви барања.

Advertisements
adsense

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.