Претседателската кандидатка на екстремната десница на последните избори во Франција, Марин Ле Пен, била погодена со јајце во лицето, а медиумите објавија дека моменти пред инцидентот се слушнале пцовки против неа.
Како што може да се види на видеото објавено на Твитер, Ле Пен била удрена со јајце во средината на лицето по што ја наведнала главата и го покрила лицето со косата..