Скандал во прилепската болница: Лекар истепан од колеги поради стрес – тест апарат, не го давал во другото одделение

Advertisements
adsense

Несекојдневен настан се случил вчера во болницата во Прилеп кога избила тепачка меѓу вработени во болницата поради единствениот стрес – тест апарат кого лекарот од одделението за спортска медицина, не сакал да го преселат на интерното одделение па добил ќотек. За случајот ја обвини директорката Смилеска и рече дека насилството врз него е пријавено во полиција.

-Бев натепан во амбуланта, на работно место, во работно време од двајца нејзини слуги пајташи. Значи по нејзин налог тие влегоа насила во амбулантата, ми ја свиткаа раката, ме фатија за врат и ме удираа од вратата. Сето тоа е документирано, пријавено е во полиција. Проблем е за Прилеп да се купи нов ваков апарат кој чини 10 или 15.000 евра, па ако овие пари се проблем за Прилеп дај тогаш да си ја заклучиме вратата и да си одиме дома, вели за Сител д-р Гоце Јонзоски, специјалист по спортска медицина кој бил нападнат во обидот да го задржи апаратот во своето одделение.

Од друга страна, директорката на болницата Кети Смилеска вели дека апаратот ќе биде ставен во функција за сите граѓани од 6 јуни и ќе биде вклучен во системот „Мој Термин“. Таа демантира дека со ова ќе се уништи службата за спортска медицина затоа што овој апарат иако ќе биде преместен во интерното одделение, од 5 работни дена, 4 ќе се користел за спортистите, а само 1 ден за сите останати граѓани со срцеви проблеми.

Advertisements
adsense

-И не може некој да се доведува во ситуација дека му се одзема нешто што е негово. Ништо овде не е мое или твое туку е од сите граѓани. Тука има ваков апарат кој не е во употреба, ние во неколку наврати ја разгледувавме можноста на стручен колегиум да се стави повторно во употреба. Но неговата употребна вредност е помината. И затоа овој апарат кој е нов го ставаме на располагање и на пациентите не само на спортистите, со тоа што само го дислоцираме“, рече Кети Смилеска, директорка на општа болница Прилеп.

Останува пациентите од понеделник да посведочат дали апаратот се користи на интерното одделение за кардиолошките случаи, или пак останал за спортистите на одделението за спортска медицина.

sloboden pecat

Advertisements
adsense

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.